Гавазова и Велевска одржаа неколку часовен онлајн концерт

Викендов, Сузана Гавазова повторно одржа онлајн концерт од нејзиниот дом. Овојпат имаше и специјален гостин, односно нејзината колешка Елена Велевска. Двете беа придружувани од Ицко Ѓорѓиовски и Александар Ангелов од Дрим Тим.

Едни од најбараните фолк пејачки на македонската естрада Сузана Гавазова и Елена Велевска, викендов одржаа онлајн концерт за нивните фанови кои периодов се наоѓаат во своите домови поради вонредната состојба со коронавирусот.

Сузана вакви концерти одржува секоја сабота, но овој пат одлучи тоа да биде поразлично и ја повика нејзината колешка Елена да биде гостинка на лајв концертот.

За атмосферата да биде уште подобра, Сузана и Елена беа придружувани од одлични музичари, Ицко Ѓорѓиовски на клавијатури, како и познатиот виртуоз на дувачки инструменти Александар Ангелов од групата Дрим Тим.

Покрај забавен, концертот имаше и хуманитарен карактер, односно сите хумани луѓе имаа можност да донираат преку жиро сметка, а насобраните парични средства ќе бидат донирани за оние лица на кои им е најпотребна помош, за најпогодените од коронавирусот.

Нивниот настап, јавноста имаше можност да го следи на фан страните на четворицата музичари, а се емитуваше во живо на единствената македонска музичка сателитска телевизија, ИН ТВ.

Концертот имаше доста гледаност со тоа што константно беа вклучени повеќе од 3 000 нивни обожаватели.

Инаку, на нивниот репертоар повеќе беше застапена македонската песна, а интересно беше тоа што Елена и Сузана ги заменија своите песни. Елена пееше песни од Сузана, а Сузана од Елена.

Јавноста уживаше со “Бум бум”, “Те шизнав”, “Опасна за око”, “Една е мајка”, “Срце бакшиш”, “Удри дајре до сабајле”, а беа отпеани и македонски извори и патриотски песни.

Прекрасната вечер ја заокружија со заедничка изведба на песната “Едно име имаме”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*