Ташко Каранфиловски го подготвува третиот албум

Изминатиов период Ташко Каранфиловски се наоѓа во Ресен, каде што времето го поминува со неговото семејство.

Тој вели дека периодов најповеќе му недостига неговата публика, но и дружбата со неговите пријатели.

-Премногу ми фалат некои работи, пред се публиката, другарите, дружбата бидејќи јас секој ден бев во таков круг и навистина сега е малку помачно, меѓутоа бараме некаков начин за да дојдеме до комуникација преку социјалните мрежи. Не е тоа тоа, но се трудиме да направиме да ни биде забавно.-раскажува Каранфиловски, во интервјуто за ИН ТВ.

Тој вели дека со нетрпение чека да заврши вонредната состоја и овој лош период за сите нас, а откако ќе се стабилизира состојбата го чека многу работа. Ташко периодов го привршува третиот студиски албум, а за следниот период најавува и неколку видеа во соработка со ИН Продукција.

-Со нетрпение чекам да заврши овој карантински живот, бидејќи со екипата на ИН ТВ имаме доста работа. Кај мене се подготвува третиот албум, уште неколку песни ми требаат за да можам да го комплетирам, а воедно треба и да сними спот, меѓутоа ете мора да почекаме да заврши оваа ситуација за да почнеме со работа.-вели тој за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, Ташко пред извесно време се врати од неговата прва турнеја во Австралија, каде што одржа бројни концерти и настапи заедно со неговиот кум Благојче Стојановски Туше и неколку други македонски музичари од Австралија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*