(ВИДЕО) “На свадбата твоја” во одлична изведба на Гоце Петрески и Иле Иваноски

Одличен спој на двајца извонредни музичари. Гоце Петрески директно од Австралија, а Иле Иваноски од Македонија со заеднична изведба на големиот хит “На свадбата твоја”.

Периодов, доста активен со објавување карантински видеа е и познатиот пејач Гоце Петрески-Бананата кој живее и работи во Австралија.

Тој во неколку наврати оствари соработка со музичари од различни краеви низ светот, а овој пат имаме еден спој со одличен музичар од Прилеп, Иле Иваноски на клавијатура. Во ова карантинско шоу, како што тие го нарекуваат, го изведуваат големиот безвременски хит од Гоце “На свадбата твоја” во пијано верзија.

Микс и мастеринг е направен во МТ Студио кај Мендо Ташкоски во Прилеп.

Во периодот кој следи со сигурност ќе има и нови видеа, а засега уживајте во оваа изведба !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*