Ивана Наумова : Ми фалат настапите, дружбата, но најмногу СЛОБОДАТА !

Ивана Наумова потекнува од музичка фамилија и најголемиот дел од денот за неа е исполнет со музика. Периодов најмногу и фалат настапите, дружбата со пријателите и како што вели таа СЛОБОДАТА !

Младата пејачка Ивана Наумова соработува со голем број музичари, a периодов имавме можност да ја погледнеме во бројни карантински видеа со македонските музички групи. Ивана за естрадниот магазин Естрада плус раскажува како поминуваат деновите во изолација за неа и како го исполнува времето во нејзиниот дом.

-Очекував дека периодов ќе биде здодевно, но сега почнав да го ценам сопственото време, се посветив на моите заостанати идеи, кои ги реализирав одлично во целодневниот карантин. Времето во карантинов го искористуваме многу продуктивно. Нашите планови за во иднина се многу несекојдневни и се надеваме дека ќе добиеме подршка од нашите почитувани фанови. Секако времето ни поминува најмногу со музика !!! – раскажува пејачката, за гледачите на ИН ТВ.

Ивана открива што најмногу и недостига периодов и што најпрво ќе направи откако ќе заврши вонредната состојба во Македонија.

-Најмногу од се ми недостасуваат нашите настапи, проби, моето друштво, пред се ми недостасува СЛОБОДАТА! Кога ќе заврши вонредната состојба и кога ќе престанат мерките, незнам што попрво би направила. Сигурно ќе се собереме со бендот ќе свириме и ќе пееме и ќе го надополниме изгубеното време.-вели таа.

Во продолжение уживајте во дел од изведбата на Ивана Наумова и Брависимо бенд за песната “Мерак сокриен” !

Ivana Naumova i Bravissimo band-Merak sokrien (live)

Ivana Naumova i Bravissimo band gi pozdravuvaat gledacite na IN TV so prekrasna izvedba na pesnata "Merak sokrien"Imajte ubav den i uzivajte so makedonska muzika !!! 🎶🎙🎹🎸

Gepostet von INTV am Freitag, 17. April 2020

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*