Безвременскиот хит “За тебе живеам” од Благојче Стојановски Туше доби свое видео

Благојче Стојановски Туше конечно го промовираше долго најавуваниот спот за големиот хит “Штом тебе те видов, јас се заљубив”. Спотот се снимаше во Преспанскиот крај, а во соработка со ИН Продукција.

После долги години големиот хит “Штом тебе те видов, јас се заљубив” од Благојче Стојановски Туше доби и свое видео. Со оглед на тоа што песната веќе го достигна врвот, Благојче одлучи да ја овековечи со спот. Тој вели дека оваа песна важи за негова лична карта, бидејќи без неа не поминува ниту еден негов настап.

-Песната веќе го има достигнато врвот, па поради таа заслуга сакав да ја одбележам со еден видео спот. Интересно го направивме. Песната е веќе популарна, но сакав да има и еден видео запис, едно обележје кое останува за цел живот за таа песна. Таа ми  е прва песна тука во Македонија снимена и една од поголемите успеси мој, покрај “Прашајги свирачите” и таа ми е една од моите најбарани песни.-истакна Туше при неодамнешно гостување во ИН ТВ.

Инаку, видеото се снимаше во неодоливите живописни предели на Преспански крај, каде што на еден интересен начин се доловува целата приказна на овој безвременски хит.

Спотот го изработи ИН Продукција, а може да го погледнете во продолжение !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*