Ангел Стојкоски подготвува печалбарска песна

Младиот пејач Ангел Стојкоски за естрадниот магазин Естрада плус најави нова песна, овој пат со печалбарска тематика. За песната соработува со познатиот музичар Златко Миладиноски.

Талентираниот Стружанец Ангел Стојкоски, периодов на изолација го искористи за пишување текст. Станува збор за неговата најнова песна, која што ќе биде со печалбарска тематика.

Морам да откријам, но само мал дел. Во почетокот на карантинот, додека не бевме навикнати дојдов до идеја да напишам песна. Па тоа и го направив. Темата на текстот е печалбарска, а за другото ќе се погрижи Златко Миладиноски. Очекувајте ја после овој период.-истакна Ангел, за гледачите на ИН ТВ.

Ангел за естрадниот магазин Естрада плус открива дека за новата песна ќе биде изработен и официјален спот.

Инаку, Ангел е познат и по големиот број настапи кои што ги има во текот на целата година, најмногу во Охридско-Струшкиот регион. И младиот пејач е доста погоден од моменталната ситуација со коронавирусот, бидејќи беше приморан да ги откаже своите закажани настапи.

Како за сите естрадни уметници, така и за мене, знаете таква ни е нашата професија,  моментално не може да функционира. Имав закажано многу настапи посебно во Велигденскиот период, па и после тоа, но во моментов е најважно сите да се придржуваме до препораките и да бидеме здрави. Повторно ќе дојдат убави и весели периоди.-додава Ангел .

Ангел ги поздрави гледачите на Естрада плус со карантинска изведба на неговата песна “Како да те преболам”.

Angel Stojkoski od #karantindoma

Ангел Стојкоски од #карантиндома ги поздрави гледачите на ИН ТВ со убава песна."Како да те преболам"

Gepostet von INTV am Sonntag, 12. April 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*