Христина Илиоска најавува нови авторски песни

Иако е релативно млада и нова на музичката сцена, Христина Илиоска неуморно работи на својата кариера.

Таа веќе неколку години живее и работи во Чикаго, Америка, но сеуште ја негува македонската песна. Христина пред извесен период во студиото на ИН Продукција претстави неколку кавери на македонски хитови, а сега за естрадниот магазин Естрада плус открива дека работи на нови авторски песни кои ќе добијат и свои видеа.

-Планирам нови песни , спотови , музички проекти , но ќе мора да почекаме сето ова да помине , да си дојдам Македонија и секако да дојдам кај вас , зошто без вас ИН ТВ не би можела ништо.-истакна Илиоска.

Инаку, Христина е доста барана за настапи на семејни прослави кај нашите иселеници во различни градови низ Америка, но со оглед на ситуацијата со пандемијата на коронавирусот таа беше приморана да ги одложи сите настапи кои беа во голем број периодов, надевајќи се дека овој тежок период ќе помине што поскоро.

-Да откажани се доста настапи , но тоа не е толку битно кога се изгубени само пари. Најбитно е да се избориме да не го изгубиме здравјето најпрво на самите себе, на нашите најмили и на сите луѓе во светот. Парите можат да се заработат, но не и здравјето.-вели младата пејачка, за Естрада плус.

Христина ни откри како и помина еден обичен ден таму, но и што најмногу и недостига периодов.

-Се трудам да не ми е досадно, секое сабајле вежбам , слушам музика , гледам филмови , играм игри. Едвај чекам да се видам со другари , другарки , пријатели , да испиеме кафе и да си помуабетиме. Во овие моменти најмногу ми недостигаат моите родители ,брат ми и сите мои пријатели таму.-додава Христина, за гледачите на ИН ТВ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*