Харизма бенд годинава ќе реализираат неколку проекти

Харизма бенд изминатиов период беа доста активни на социјалните мрежи, објавувајќи карантински видеа, секој член од својот дом.
Тие велат дека деновите во изолација им поминуваат доста весело, но сепак им недостигаат нивните настапи и дружбата.

-Додека сме дома, учиме нови песни, се пробуваме на нови инструменти, пееме, гледаме концерти, во главно е весело. Секој од нас има некоја работа која му недостига помалку или повеќе, но генерално недостигаат дружбите, патувањата, настапите, слободата.-вели Ѓорѓи Манев, еден од членовите на Харизма бенд.

На нашето прашање, Што најпрво ќе направите откако ќе заврши вонредната состојба и откако ќе почнеме нормално да функционираме? Ѓорѓи вели :

-Има само еден краток одговор за ова прашање кој гласи: КАФАНАААА!!!

Инаку, Харизма бенд се добропознати по тоа што не мируваат и секогаш имаат нови планови. Тие во следниот период ќе реализираат неколку нови проекти.

Како секоја сериозна компанија, така и нашиот Бенд има план за работа. Во агендата за оваа година имаме планирано неколку проекти за кои ќе направиме сé за да се реализираат.-открива Ѓорѓи.

На гледачите на естрадниот магазин Естрада плус им порачуваат да поминат квалитетно време со најблиските, да бидат позитивни, иновативни, да ги слушаат Харизма Бенд и Сара, да прават по некоја вежба за размрдување и да го посетуваат фрижидерот само во итни случаи.

Во продолжение уживајте во нивната изведба на песната “Пеам да не заплачам” !

Harizma band-Peam da ne zaplacam

Харизма бенд ги поздравуваат гледачите на ИН ТВ со одлична изведба на песната "Пеам да не заплачам" 🎶🎶🎶👏👏👏

Gepostet von INTV am Dienstag, 5. Mai 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*