Игор Андреевски периодов посветен на создавање нова музика

Младиот и талентиран пејач Игор Андреевски освен тоа што поседува извонреден глас, тој е и автор на своите песни.

Игор овој период на домашен карантин максимално го искористи на создавање нови музички дела.

-Освен секојдневните обврски, имам повеќе време да се посветам на создавање на текстови, музика, за моите идни песни, слушам музика, пеам, свирам клавирЌе бидам среќен да останеме периодов во добро здравје, оние кои се болни по лесно да ја поминат болеста, да нема жртви, а потоа продолжуваме со нови сили во нови победи.-истакна Андреевски, за гледачите на ИН ТВ.
Изминатиов период Игор ја промовираше неговата најнова песна “Вечна да е Македонија”, заедно со спот кој го изработи ИН Продукција. Тој е презадоволен од крајниот резултат и од коментарите на јавноста и неговите блиски личности.
-Секој кој ја има слушнато, сметам дека му се допаднала, бидејќи имам добиено многу позитивни коментари, што дополнително ми даваат поттик, да продолжам да создавам и пеам квалитетна Македонска музика.-вели тој.
Младиот пејач не запира со снимање. За естрадниот магазин Естрада плус открива кои се неговите планови за следниот период.
-Се разбира, подготвувам нови песни, преработки на стари македонски песни, што ќе може јавноста да ги слушне и види, но треба време за да бидат успешно реализирани.-додава Игор.
Инаку, Игор Андреевски важи за млад и горд македонец кој што сака да ја продолжи македонска традиција и да го зачува аманетот кој што ни го оставиле нашите предци.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*