Започна музичката приказна „Ramadanoski family- Dzevat & Sons”

Конечно, започна долгонајавуваната музичка  приказна „Ramadanoski family- Dzevat & Sons”. „Нарочува бело Менде“ е првиот инструментал од проектот кој ќе се комплетира во периодот кој следува.

Еден од најпознатите виолинисти во Македонија, Џеват Рамаданоски заедно со неговиот син Бајрам, деновиве објавија ново инструментално дело. Станува збор за преработка на старата македонска песна „Нарочува бело Менде“, која што за прв пат е испеана од легендарниот пејач Александар Сариевски.

-Со ова видео ја започнуваме музичката приказна наречена „Ramadanoski family- Dzevat & Sons”. Овој проект одамна се планираше и ете ова тешко време и не е толку лошо, најдовме доволно време за повеќе дружба и музицирање. Во наредните снимки ќе биде вклучен и помалиот син Тарик, кој што свири на пиано и бас гитара.– истакна Џеват.

Тој вели дека формата е запазена, а аранжманот е направен во помодерен стил.

-Аранжманот  е направен во современ стил, но многу потсетува на класично дело, иако се работи за народна песна постара од половина век. Формата е запазена и одговара на ориганалниот текст, се со цел додека ја слуша, да може секој во позадина да ја потпевнува. 

Искрено се надева дека и ова музичко дело ќе им се допадне на гледачите и слушателите, а за следниот период подготвува уште неколку новитети.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*