Бумбари бенд добија засилување од подмладокот : Ивана, Елена и Петар нови вокални солисти

Ситуацијата со коронавирусот е  навистина тешка за сите нас. Тешка е и за македонските музичари, но она што тие го практикуваат за побрзо минување на овие денови е секако музиката и пеењето по дома.

Екипата на естрадниот магазин разговараше со членовите на Бумбари бенд кои што откриваат како најчесто ги поминуваат деновите во изолација.

-Во овој момент се наоѓаме во нашите домови. Деновите на изолација ги поминавме со фамилиите слушајки прекрасна македонска музика. Ние во целост ги почитуваме препораките од стручните лица користејки средства за дезинфекција и заштитни маски како превенција од коронавирусот. Времето поминато во своите домови максимално го искористуваме најпрво на фамилијата, а нормално остатокот од времето со музика.

Тие се надеваат дека оваа ситуација ќе се реши што поскоро, а она што најмногу им недостига периодов е дружбата со нивните пријатели и настапите.

-По завршетокот на вонредната состојба најпрво би сакале да се видеме и да се подружиме со нашите пријатели. Најмногу ни недостасуваат настапите, дружењето а пред се слободата на движење.

Оваа ситуација навистина премногу ги погоди и музичарите, бидејќи знаеме дека најголемиот дел од нив живеат од музиката. Сепак, Бумбари бенд имаат позитивни мисли и велат дека изгубеното ќе го надополнат во периодот кој следи.

– За жал доста големи се загубите од сите откажани настапи како за сите наши колеги, така и за нас. Нормално, доста негативно влијаеше сето тоа, но сепак во периодот кој што следува ќе се потрудиме да надокнадиме.

Како и повеќето музичари од македонската естрада, така и Бумбари бенд често знаат да објават видео со убава македонска песна во нивна изведба , со цел да ги развеселат нивните фанови и пријатели. До редакцијата на естрадниот магазин Естрада плус тие испратија карантинско видео, малку поразлично од досегашните. Овој пат Лазар и Тони се заедно со подмладокот, односно со нивните деца Ивана, Елена и Петар.

– Најново кај Бумбари бенд е промената, односно дополнувањето на бендот со нови членови, а тоа се подмладокот од Бумбари Бенд како нови вокални солисти и тоа Ивана Наумова и Елена Наумова како женски вокали и Петар Наумов како машки вокал. Нормално, во периодот кој следува ке следуваат и музички проекти кои планираме да ги реализираме во соработка со ИН ТВ, па се надеваме новата промена ќе им се допадне на публиката.

– За крај би сакале да ги поздравиме читателите на Естрада Плус со ова карантинско видео и да им посакаме да останат во добро здравје, да бидат позитивни и да слушаат добра македонска музика.-велат од Бумбари бенд.

Ужувајте !!!

 

Bumbari bend ekskluzivno za IN TV

Бумбари бенд ексклузивно за ИН ТВ со подмладокот, Ивана, Елена и Петар како нови вокални солисти. Навистина прекрасни…Уживајте во изведбата!

Gepostet von INTV am Freitag, 1. Mai 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*