Татјана и Новица имаа убав повод за славење

Македонската пејачка Татјана Лазаревска веќе неколку години живее во Австралија заедно со сопругот Новица и синовите Петар и Стефан.

Иако периодов во светот се случува глобален проблем односно коронавирусот кој се прошири со неверојатна брзина, а листата на заболени се зголемува, сепак секој ден бараме нешто на што ќе се насмееме или радуваме.

Иако сме бомбардирани повеќе со негативни отколку со позитивни вести кога станува збор за „чумата на 21 век“, поминувањето време со семејството не прави среќни.

Татјана е радосна и исполнета со нејзините најмили каде и да се наоѓа, дали е тоа Австралија или пак Македонија.

Деновиве, кога во време на пандемија сме во изолација и избегнуваме да излегуваме надвор или доколку го правиме тоа задолжително носиме опрема за заштита, фолкерката имаше убав повод за славење.

Имено, нејзиниот син Петар наполни 16 години, а роденденот го прослави дома со своите најмили и најблиски односно со Татјана, Новица и Стефан.

Пејачката и овојпат не се штедеше на својот „Фејсбук“ да се пофали од скромната атмосфера, но и едноставната и скромна торта на која има свеќички со бројката 16.Иако, Петар славеше во домашна изолација тоа не спречи да пристигнуваат честитки од сите страни и убави желби за наследникот на пејачката.

За потсетување, Татјана и Новица неодамна купија куќа во Мелбурн каде се преселија да живеат под свој покрив.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*