Игор Андреевски : Моите почетоци се заедно со ИН Продукција

Неговите музички почетоци се заедно со ИН Продукција. Игор Андреевски во интервју за ИН ТВ вели дека соработката продолжува и во иднина, а најавува нови песни и видеа за следниот период.

Пред само краток период, младиот и доста талентиран пејач Игор Андреевски во соработка со ИН Продукција сними спот за неговата најнова песна “Вечна да е Македонија”. Но, ова не е негова прва соработка со ИН, тие претходно го изработија и неговиот прв официјален спот за песната “Спомени”.

-Јас и почетокот на мојата кариера го започнав со ИН Продукција и секако дека ќе ја продолжам соработката бидејќи сум многу задоволен од нив. Претходно го снимавме спотот за Спомени, а снимањето се одвиваше во западниот дел на Македонија, во Маврово и Галичник. Помина истотака многу убаво и тогаш не послужи времето како и денес и мислам дека се беше супер, а тоа можат најдобро да го кажат гледачите.-истакна Игор во интервју за ИН ТВ.

Во видеото за песната “Спомени”покрај Игор, се појавува и прекрасната девојка Марија Велјановска, која одлично се снајде во нејзината улога.

Инаку, младиот пејач зад себе има веќе седум песни, од кои една е преработка на македонска народна песна.

Во следниот период најавува комплетирање на неговиот прв албум.

Во продолжение погледнете ги двата негови видео записи снимени со ИН Продукција !

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*