Ѓоко Јовиќ и Ицко Ѓорѓиовски со заедничка изведба од нивните домови

Моменталната состојба со коронавирусот периодов на различни начини ги обедини македонските музичари.

Иако се наоѓаат во различни делови од Македонија, повеќето од нив успеаа да ги здружат нивните сили и таленти, кој во пеење, кој во свирење, па така преку песна се дружат со нивните фанови на социјалните мрежи.

Убава спојка направија еден од најдобрите вокали во земјава, Ѓоко Јовиќ кој живее во Скопје и извонредниот музичар на клавијатури, Ицко Ѓорѓиовски од Прилеп.

-Си седиме дома и се дружиме…Уживајте во нашата заедничка изведба на авторската песна на добропознатиот, Ѓоко Јовиќ – 1001 Ноќ.-напиша Ицко на неговиот фејсбук профил.

Нивната заедничка изведба погледнете ја во продолжение и уживајте !

 

🚨🇲🇰 Си седиме дома и се дружиме…Уживајте во нашата заедничка изведба на авторската песна на добропознатиот Ѓоко Јовиќ – 1001 Ноќ#LiveProject #LiveCoverSediDoma #IcoBuhala Gjoko Jovik

Gepostet von Ico Buhala Gjorgjiovski am Freitag, 27. März 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*