Погледнете го спотот од Игор Бежаноски за песната “Меракот ми остана”

Младиот Охриѓанец Игор Бежаноски, на почетокот на 2020-та година го промовираше спотот за песната “Меракот ми остана”.

Станува збор за убава и весела песна, која што е дело на Златко Миладиноски, кој ги направи музиката и аранжманот, текстот го напиша Борче Нечовски, а истата е снимена во студиото на Дејан Момировски.

-На почетокот на годинава се одлучивме заедно со ИН Продукција да го објавиме спотот за новата песна која што го носи насловот “Меракот ми остана” . Снимањето на видеото помина одлично, се беше супер и баш она што сакавме да го добиеме, го добивме и крајниот резултат е одличен.-истакна Бежаноски во неодамнешно интервју за ИН ТВ.

Игор вели дека е презадоволен од крајниот резултат, а коментарите од неговите најблиски, музички соработници и од јавноста се доста позитивни.

-Јас сум презадоволен од песна и спотот, добивам доста позитивни критики. Благодарност до ИН Телевизија и најавувам уште една соработка во најскоро време и понатаму ќе функционираме здравје Боже, да сме здрави и живи, вакви какви што сме, весели и да работиме во иднина.-додава тој, за естрадниот магазин Естрада плус.

Бежаноски за следниот период најавува нови песни и уште едно видео кое што ќе биде во соработка со ИН Продукција.

Во продолжение погледнете го видеото за песната “Меракот ми остана” !

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*