“Свирете за зетот” од група Респекти одлично прифатена од јавноста

Песната “Свирете за зетот” од група Респекти е одлично прифатена од јавноста. Тие се надеваат дека песната ќе стане хит на македонските свадби.

Пред само краток период, група Респекти ја промовираа нивната најнова песна “Свирете за зетот”. Песната која што е со свадбарска тематика е одлично прифатена од јавноста, а од група Респекти се надеваат дека песната ќе биде новиот хит на свадбите.

-Сакаме да ги освежиме свадбарските песни. Се одлучивме да биде за зет бидејќи бевме во дефицит за такви песни. Во таа делегација први десет песни ни фалеше нешто вакво. За кум гледаме дека има нешто и за невеста имаме гледаме уште е тазе, се пее и ајде рековме ќе направиме за зет, па со оглед на тоа дека песната веќе се врти по македонските радиа, гледаме дека луѓето многу добро ја прифатија и одлучивме да направиме и спот за неа.-истакна Даниел, фронтменот на група Респекти, за гледачите на ИН ТВ.

Песната “Свирете за зетот”, ја претставија во студиото на ИН ТВ во Охрид, а во следна прилика ќе започне и снимањето на официјалното видео кое ќе биде во соработка со ИН Продукција.

Но покрај оваа песна, тие перидов работат на уште една нова која повторно ќе биде со свадбарска тематика.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*