Кија Коцкар доброволно се пријави да биде волонтер на Црвениот крст

Кија Коцкар во моментов како и сите други пејачи нема настапи, па решила да го искористи слободното време во хуманитарни цели, пренесува српски Курир.

Според нивните написи, таа и се јавила на една нејзина пријателка, која е медицинска сестра и ја прашала како може да помогне во оваа ситуација, а таа и советувала да се јави во Црвениот крст и да се распраша. Кога ги повикала, им рекла дека сака да помогне и да биде достапна за се’ што и да треба, а тие и одговориле дека се благодарни за понудата и ќе ја имаат на ум ако пандемијата  достигне поголем обем.

Ова би значело дека Кија би била задолжена да разговара со најстарите сограѓани по телефон, да ги слуша нивните потреби, а постои и можност таа да треба да работи на терен.

Во тој случај, пејачката ќе ги посетува постарите и ќе им ги носи најосновните намирници што претходно би ги купила во маркетот, пишува весникот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*