Агуш Мемишов направи преработка на познати хитови

Агуш Мемишов во студиото на ИН Продукција претстави преработки на две песни. Станува збор за “Еј девојко еј” и “Дај ми мајко друг живот”, песни од неговиот пријател Фаредин Керимов.

После долги години пауза, Агуш Мемишов се враќа на музичката сцена. За почеток тој одлучи да ги претстави двете преработки на песните “Еј девојко еј” и “Дај ми мајко друг живот” на кои што тој работеше изминатиов период.

  • Овие песни се на мојот колега и близок пријател Фаредин Керимов и затоа би сакал да ја искористам оваа прилика и да го поздравам. Јас и мојата екипа напорно работевме на овој проект во изминатиов период, задоволен сум од крајниот резултат, па се надевам дека гледачите ќе уживаат во двете песни, кои важат за големи хитови.-вели Агуш за естрадниот магазин Естрада плус.

Отсега па натаму, секоја прилика и секој слободен момент, Агуш ќе го искористи за снимање на нов материјал. Како што открива пејачот, во моментов подготвува неколку авторски песни кои што планира да ги претстави во следниот период.

Инаку, песните се снимени во студиото “Mecka Warrior Production” во Охрид, а истите беа претставени во ИН Продукција.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*