Што прави Лепа Брена за време на изолација?

Со фановите комуницираат како и во нормални услови преку социјалните мрежи, а сега споделуваат и како ги поминуваат деновите во изолација. Секоја од нив, па така и Лепа Брена има свој механизам за адаптација на моменталните услови, кога во светот владее коронавирусот.

-Ако ме прашате како го поминувам слободното време во карантин, го поминувам како што го поминуваат најверојатно сите домаќинки во светот. Се бавам со себе и секако со своето семејство и домаќинството. Ги средив сите ормани и одлучив да го средам секое катче во својата куќа и дворот. Притоа не заборавив никакви физички активности, како и тоа да правиме добра атмосфера во нашето семејство, рекла Лепа Брена за српските медиуми.

Таа додала дека за неа е важно што се вратила во кујната и на готвењето.

-Најмногу сум посветена во тоа да готвам домашни јадења, открива пеачката.

Пеачката инаку никогаш не криела дека одамна не готви и ја средува куќата, туку сите домашни работи наместо неа ги работи послугата.

На фановите на Брена од секогаш им е познато дека нејзиниот сопруг Боба Живоиновиќ е многу подобар готвач од нејзе, но и многу поголем гурман.

-Мама ме научи да готвам, тоа беше нешто задолжително. Морав се да знам, меѓутоа, се што можам да го платам не сакам да го работам. Сакам убаво поставена маса и некој да ми зготви и да ми донесе. Се додека сум жива, ќе можам на себе тоа да си го дозволам. Подобро ми е да вработам некоја убава готвачка отколку да губам време на тоа што ќе се изеде за половина час. Не треба да бидам најдобра и се работи совршено, изјавила претходно Брена.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*