Погледнете како изгледала Анета Молика во детството

Поради заштита од „Ковид 19“  речиси цела естрада се наоѓа во изолација во своите домови, уживајќи во работите кои можеби претходно немале многу време да ги прават.

Ако си помисливте дека дома им е досадно и нема што да прават се лажете, тие често се активни на социјалните мрежи и споделуваат како го поминуваат времето.

Освен тоа, направија еден куп предизвици, како што се фотографии од детство, шутирање на тоалет, готвење, пеење, објавување на фотографии со маски….дека има што да се прави, има.

Голем број од јавните личности се приклучија кон предизвикот да објават фотографија од детството и тие ја прифатија оваа нова игра на социјалните мрежи, па пребараа по своите албуми и објавија фотографии од архива, а кога некој ќе сподели фотка од детството, правилото налага да се номинираат и други лица да го направат истото.

Анета Молика го искористи слободното време да пребарува низ старите спомени, а меѓу нив пронајде фотографија од детството.

Анета во стори на „Инстаграм“ објави како изгледала кога имала само неколку години, а во описот напиша :

„Мене никој не ме номинираше, сама ќе си ставам слика“-се пошегува пејачката.

Таа навистина е преслатка на фотографијата, а дали ќе има нови предизвици, останува да видиме во следниот период.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*