Дамјан Стојаноски : Веќе се полни агендата со свадби и за 2021 година

Во моментов се откажани сите настапи и концерти на македонските пејачи во земјава и надвор од неа, но нашите музичари се надеваат дека ситуацијата ќе се нормализира во најскоро време. Во интервју за ИН ТВ Дамјан Стојаноски открива дека агендата со свадби за сезонава е скоро исполнета, а веќе закажувале и за 2021 година.

Поради ситуацијата со коронавирусот, македонските пејачи ги откажаа или одложија сите веќе закажани настапи и концерти во земјава и надвор од неа. Одложен е и концертот на Дамјан Стојаноски и неговата колешка Татијана Стефановска кој што требаше да се одржи во Виена, во организација на Македонска Фаланга.

-Ситуацијата е таква каква што е, не знам што би кажал. Нека ни е Господ на помош и што поскоро да заврши ова зло.-вели Дамјан, за естрадниот магазин Естрада плус.

Како што открива Дамјан во интервјуто за ИН ТВ агендата со свадби за годинава е 95 отсто исполнета, а радува фактот што веќе добива понуди за ангажмани и за следната 2021 година.

-Февруари и март беше така послаб период со свирки, но ќе биде подобро. Ќе започнат и свирките и свадбите, сезоната е резервирана цела. Можам да кажам дека полна е агендата. Има веќе закажани свадби, а веќе се јавуваат и за 2021 година за мај, јуни следната година.-додава пејачот, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, Дамјан од неодамна заплови во брачните води, а негова избраничка е прекрасната Елена, со која што беше во врска неколку месеци.

Во продолжение погледнете го спотот на Дамјан за неговата најнова песна “Останав сам” !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*