Доста позитивни реакции на видеата за “Анѓа од Галичник” и “Јана е најубава” од Дарко Стојаноски

Видео записите за “Анѓа од Галичник” и “Јана е најубава” на Дарко Стојаноски му донесоа бројни пофални коментари од јавноста. Тој за периодот кој следи најавува снимање спот за песната “Отвори порти невесто”.

На туристичката атракција Галичник, пред извесен период беа снимени два видео записи од фолк пејачот Дарко Стојаноски. Свое видео добија песните “Анѓа од Галичник” и “Јана е најубава”, а во интервју за ИН ТВ Дарко истакна дека е презадоволен од коментарите кои ги добива за нив. Следно што ќе реализира е видео запис за песната “Отвори порти невесто”, а во соработка со ИН Продукција.

-Јас сум многу задоволен искрено и моите блиски пријатели, роднини, музичари сите се воодушевени и од песните Анѓа од Галичник и Јана е најубава”, секако и од видеата кои ги изработи ИН Продукција. Во следниот период ќе има секако нешто ново. Ние бевме во преговори со екипата на ИН, но малку времето не загази и обврските. Се надевам откако ќе се вратиме во Македонија најпрво ќе реализираме за Отвори порти невесто” нема да ја оставиме без спот.-истакна Стојаноски во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Инаку, Дарко неодамна учествуваше на Гоце Фест, каде што ја освои првата награда од стручното жири со неговата најнова песна насловена “Сонцето од Кутлеш”.

-Јас се надевам дека песната веќе им се допадна и колку што можев да забележам од реакцијата на добро поминавме и морам да кажам дека ми е многу мило бидејќи јас за првпат во 2002-ра година се појавив на овој фестивал “Гоце Фест”, значи моите почетоци се на овој фестивал пред 18 години.-вели тој.

Музиката и текстот за песната “Сонцето од Кутлеш” се дело на Драган Матески, а аранжманот е на Љупчо Павлоски.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*