“На свадба ми дојдоа” од Татијана Стефановска вистинско освежување за македонските свадби

“На свадба ми дојдоа” е новата песна на Татијана Стефановска која што ја промовираше деновиве заедно со спот. Станува збор за убава и весела песна во која се опејува за невеста која ги чека гостите од туѓина да дојдат на нејзината свадба. Татијана се надева дека песната ќе си го најде своето место како во јавноста, така и на македонските свадби.

Познатата фолк пејачка Татијана Стефановска пред само краток период го промовираше спотот за нејзината најнова песна со наслов “На свадба ми дојдоа”.

Како што вели Татијана во песната се зборува за свадба, поточно за една невеста која ги чека нејзините блиски роднини и пријатели од туѓина, да дојдат и заедно со нив да се веселат на нејзината свадба.

-Можат да се пронајдат и сите оние кои што имаат таков убав момент свадба, меѓутоа најмногу текстот се задржува на гостите кои што треба да дојдат од странство и заедно да уживаат во свадбата на блиската роднина, невеста.

-Снимањето беше доста интересно се снимаше тука во Охрид, многу луѓе беа инволвирани статисти, многу интересно ми беше замислена цела таа идеја, но беше и многу напорно. Најпрво се снимаше во мојот дом, секако за да се прикаже една убава атмосфера требаше да биди домашна, не може доаѓањето на сватовите на биде во хотел и така се направи една убава атмосфера и сите се прашуваа Тања што се случува дома кај тебе, викам свадба. Зетот и невестата се Охриѓани, еден пар Марија и Златко, голема Благодарност до нив, многу убаво изгледаат и на кастинг да барав толку убави лица за зет и невеста немаше да најдам.-истакна Стефановска, при гостувањето во ИН ТВ.

Како автор на музиката и аранжманот се потпишува маестро Златко Миладиноски, а текстот го напиша Драган Матески. Песната е снимена во студиото на Дејан Момироски.

Меѓу бројните позитивни коментари на социјалните мрежи, беше и коментарот на текстописецот Драган Матески во кој се вели:

-Ми причинува големо задоволство што прекрасно ја интерпретираше и ја збогати со убав видео запис оваа наша убава песна. Се надевам дека ќе привлече големо внимание од народот овде и насекаде по светот. Направивме вистинска приказна за најубавиот момент од животот, свадбата на младите на која се канети сите мили роднини и пријатели кои како дел од Македонската судбина ги имаме насекаде по светот.-напиша Матески.

Татијана искрено се надева дека песната ќе биде одлично прифатена од јавноста и дека ќе се пее на македонските свадби.

Во продолжение погледнете го видеото !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*