(ВИДЕО) Мадона со бизарно обраќање за корона вирусот: Ако овој брод потоне, сите тонеме

61-годишната пејачка се соблекла гола, влегла во када со ливчиња од рози и додека во позадина свирела музика, Мадона одлучила да мудрува за коронавирусот.

„Чудно е тоа со КОВИД-19: не му е грижа колку сте богати, колку сте познати, колку сте интересни. Колку сте паметни, каде живеете, колку години имате, кои неверојатни приказни можете да ги раскажете. Тоа што е страшно во врска него, истовремено е и она што е одлично за него.

Страшното е тоа што сите не’ направи рамноправни на повеќе начини, а прекрасното е тоа што не’ направи различни на еднакви начини.

Ако овој брод потоне, сите тонеме“, рекла пејачката додека се обидувала со ливчињата рози да ги сокрие своите бујни гради.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*