ЛУКСУЗ ВО ДОМОТ НА ЕМИНА ЈАХОВИЌ

По разделбата од сопругот Мустафа Сандал, популарната пејачка Емина Јаховиќ, го опреми својот дом во Турција, во кој живее со нејзините синови и повремено со обожавателите споделува фотографии.

Пред две години Емина се раздели од Сандал. Двајцата беа десет години во брак, во кој ги добија синовите Јаман и Јавуз. Двојката тогаш ја продаде заедничката вила во Истанбул, а Емина брзо потоа си купи нов дом.

Од тогаш таа често споделува фотографии и видеа од истиот. Неодамна објави кратко видео со обожавателите од својата вила во која преовладува белата боја и воопшто светли нијанси.

Најголемиот број од украсите, како што се вазните и мебелот се темни, со што е постигнат голем ефект и контраст, вели Емина. Од предметите таа најмногу ги обожава миризливите свеќи, кои ги има во различни облици и бои.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*