(ВИДЕО) Легато бенд го претставија новиот проект

Легато бенд деновиве го промовираа нивниот најнов проект со добро одбрани македонски свадбарски и весели песни. Проектот беше снимен во студиото на сателитската ИН ТВ во Мелбурн.

Деновиве јавноста и гледачите на сателитската ИН Телевизија имаат можност да уживаат во најновиот проект на Легато бенд од Мелбурн. Како што ни открија за време на снимањето во студиото на ИН ТВ во Мелбурн, проектот се состои од добро одбрани македонски народни песни.

-Пред се, голема е честа да се отвори една ваква Македонска музичка телевизија, надвор од границите на Македонија, ИН ТВ во Австралија. Голема е честа и за нас, како Легато бенд, да дојдеме во вашето студио во Мелбурн. Вечерва снимивме нешто доста интересно, проект отсвирен и отпеан во живо. Сакаме да ја доловиме македонската музика до нашите во Австралија и Македонија.

-Така да, уште еднаш ќе им се заблагодарам на ИН ТВ Австралија која што ни го овозможи сето ова, ете така спонтано да се собериме и да го направиме овој македонски проект. Се надевам дека ќе им се допадне и на нашите во Македонија, но и на македонците во Австралија.-истакна Круме Милески, за естрадниот магазин Естрада плус.

-Ние денес имавме можност да снимиме еден убав проект со одбрани македонски песни за кои се надевам дека ќе им се допаднат на македонската публика.-вели вокалот на бендот, Марјан Васкоски.

Мора да нагласиме дека проектот на Легато бенд е отсвирен и отпеан во живо, а нивната цел е со убавата македонска песна да допрат до срцата на македонците, не само во Македонија и Австралија, туку насекаде низ целиот свет.

Легато бенд Мелбурн постojaт долги години на естрадата, а во моментов бендот се состои од шест членови кои важат за доста искусни музичари. За нив може слободно да се каже дека се едни од најбараните македонски бендови на семејните прослави кај нашите македонци низ Австралија, а нивните фанови често можат да уживаат заедно со нив во добро познатиот македонски ресторан “Канео” во Мелбурн.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*