Баладата за ранети срца од Даниел Сидовски допре до јавноста

Баладата за ранети срца, како што ја нарекува Даниел Сидовски, допре до многу негови фанови. Даниел е презадоволен од песната “Те сакам” и од видеото за неа.

Даниел Сидовски пред неколку месеци го објави спотот за прекрасната и доста емотивна балада која што е насловена “Те сакам”.

Спотот се снимаше на неколку интересни локации низ Скопје, а покрај Даниел, како главен женски лик во видеото се појавува атрактивната русокоса Сара која успеа одлично да ја одигра нејзината улога.

Текстот за песната “Те сакам” го  напиша Даниел, кој што верува дека во оваа песна ќе се пронајдат сите оние луѓе кои имаат рането срце.

Даниел при интервјуто за ИН ТВ истакна дека е презадоволен од крајниот резултат и од коментарите кои што сеуште ги добива од неговите фанови.

-Имаше огромна реакција позитивна, негативно навистина сеуште немам слушнато. Стварно песната помина многу добро и за спотот ми рекоа и како актери и се комплетно како било скоцкано од а до ш. Секоја чест велат за тоа дело што го направи и ти беше потребно вакво нешто, па ако се пронаоѓаш продолжи. Затоа и сега така ќе го правам албумот.

Презадоволен сум и од екипата на ИН Продукција. Секоја чест за нив и ќе останеме секогаш заедно во соработка се додека ви требаме, и ние вас и вие нас и така па да одиме на поголеми чекори во иднина.-вели Сидовски, за гледачите на ИН ТВ.

Во моментов кај Даниел и група Респекти е актуелна песната “Свирете за зетот” која што ја промовираа неодамна во студиото на ИН Продукција. Песната како што вели тој во најскоро време ќе добие и официјално видео.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*