ЏЕЈ ЛО ЈА ОТКРИ ДНЕВНАТА РУТИНА ВО САМОИЗОЛАЦИЈА

Пејачката и актерка, Џенифер Лопез, сериозно ја сфаќа сериозноста на моменталната ситуација, па времето го поминува во својот дом со семејството.

Но, дури ни самоизолацијата не ја спречува Лопез да остане активна и во тек со своите работни обврски.

Како што открила за Elle, секојдневно работи од дома, чита сценарија, работи на нови проекти и учи нови танцови рутини.

„Доколку сте доволно среќни за да сте здрави, оваа ситуација може да ви биде како копче за ресетирање. Искористете го ова време најдобро што можете, но немојте да заборавите и дека дома морате да работите“, рекла Џеј Ло.

Таа открила дека секојдневно танцува, тренира и снима видеа за ТикТок со синот и ќерката кои обожуваат коа и тие учествуваат.

Лопез се пошегувала и со тоа дека моментално купува преку интернет и дека пар чевли секогаш ја потсеќа на тоа дека наскоро ќе дојдат подобри денови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*