Татијана Стефаноска : Се надевам дека коронавирусот ќе се стави под контрола

И македонските музичари периодов беа приморани да ги прекинат и одложат нивните настапи кои ги имаа во голем број. Околу моменталната состојба со коронавирусот зборуваше Татијана Стефановска која посакува во најскоро време оваа ситуација да се стабилизира.

Коронавирусот ги прекина концертите и настапите на голем број музички ѕвезди во повеќе земји низ светот. Секако дека од моменталната состојба погодени се македонските музичари кои беа приморани да ги откажат своите настапи низ земјава, но и да ги одложат веќе закажаните концерти надвор од Македонија.

Во студиото на ИН Продукција ни гостуваше фолк пејачката Татијана Стефановска која искрено се надева дека состојбата со коронавирусот ќе се стабилизира, дека нема да има фатални последици кај луѓето и дека во најскоро време сите ние ќе можеме слободно да функционираме.

-На 7-ми март требаше да гостувам во Пиду, за жал таа манифестација се одложи затоа што веќе се забранети и поситни собирања, најпрво најавуваа масовни, но сега и помали собири се забрануваат. Истотака и во Виена го одложивме концертот со Дамјан Стојаноски, организиран од друштвото Македонска Фаланга”. Јас знам дека и настапите за Велигден ги откажуваат на моите колеги, иако претстои долг временски период, меѓутоа за претпазливост ги откажуваат. Се надевам дека целата оваа работа со вирусот ќе се стави под контрола и дека нема да имаме фатални последици ни ние, ни соседите ни никој друг во светот и дека работите ќе одат во добар тек. Ние живееме од музиката, се надеваме дека сите ќе имаат добро расположение за да може да им гостуваме.-изјави Стефановска, за гледачите на сателитската ИН Телевизија.

Инаку, Татијана Стефановска деновиве го промовираше спотот за песната “На свадба ми дојдоа” кој што го изработи ИН Продукција. За новата песна, но и за видеото Татијана доби низа пофални коментари на социјалните мрежи од нејзините пријатели, роднини, колеги и соработници.

Во продолжение погледнете го најновиот спот на Татијана Стефановска !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*