Дамјан Стојаноски за ИН ТВ : Инспирацијата за творење музика ми доаѓа спонтано

Дамјан Стојаноски деновиве го сними спотот за неговата најнова песна “Останав сам”, која што е негово авторско дело. Во продолжение дознаваме кој дел од денот му е најпогоден за творење музика.

Еден од најпознатите пејачи на македонската фолк естрада Дамјан Стојаноски, изминативе денови сними спот за неговата најнова песна “Останав сам”. Како што истакна тој станува збор за доста емотивна балада инспирирана од случка во неговиот приватен живот. Како и на повеќето негови песни, така и на оваа Дамјан се потпишува зад музиката и текстот.

Тој во интервјуто за ИН ТВ открива во кој дел од денот му доаѓа најголема инспирација за творење.

-Па најчесто токму пред да си легнам, тогаш нешто ќе ме допре внатре во мене и седнувам, земам инструмент или ако е многу доцна за да не ги разбудам другите, така само со тивко шепотење ќе се снимам и утредента ќе направам некој текст и слично. Сосема спонтано ми доаѓа тоа, не е по нарачка.-раскажува Дамјан за естрадниот магазин Естрада плус.

Дамјан секогаш неуморно работи на подготовка и снимање на нов материјал и нови песни, а за следниот период тој најавува и одличен дует.

-И оваа песна Останав сам е во новиот материјал, можеби ќе има за брзо време и дует, нема да откријам со кого, ќе дознаете кога ќе треба и мислам дека и тоа ќе биде една успешна соработка. Нашата работа не може да биде по нарачка тоа само доаѓа, не можам да речам подготвувам песни, доаѓа песната, се спрема, се пушта, па после тоа нова и така јас неуморно работам и што ќе биде, ќе биде.-додава Дамјан за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, снимањето на видеото за песната “Останав сам” се одвиваше на повеќе локации околу познатото езеро Козјак, а спотот кој што е во соработка со ИН Продукција се очекува да биде промовиран деновиве на сателитската ИН Телевизија.

И додека ја чекаме неговата нова песна, во продолжение уживајте со Дамјан и песната “Клетва” !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*