“Отвори порти невесто” од Дарко Стојаноски ќе добие свое видео

На почетокот на месец март, Дарко Стојаноски заминува на Австралиска турнеја. По неговото враќање во Македонија, планира да сними спот за песната “Отвори порти невесто”, секако во соработка со ИН Продукција.

Пред извесно време во соработка со ИН Продукција, познатиот фолк пејач Дарко Стојаноски сними два видео записи за песните “Анѓа од Галичник” и “Јана е најубава”. Видеата се снимаа на неколку прекрасни локации на планината Бистра, поточно на туристичката атракција Галичник, така што покрај во убавата македонска песна, јавноста имаше можност да ужива и во автентичката архитектура, богатото културно наследство и восхитувачките пејсажи со кои што располага ова место. Дарко во неодамнешното интервју за ИН ТВ истакна дека е презадоволен од реакциите на јавноста за двата видео записи и открива дека по враќањето од Австралиската турнеја, ќе сними уште еден спот со ИН Продукција за песната “Отвори порти невесто”.

-Јас искрено сум многу задоволен, а задоволни се и моите блиски пријатели, колеги, сите се воодушевени. Во периодот кој следи ќе има нешто ново. Ние веќе бевме во преговори со вашата ИН Продукција, но некако времето и бројните обврски не ни дозволија. Се надевам дека откако ќе се вратиме од Австралија прво што ќе реализираме ќе биде спотот за песната Отвори порти невесто, нема да ја оставиме без видео.-вели Стојаноски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Дарко неодамна ја освои првата награда од стручното жири на Гоце Фест со неговата најнова песна која носи наслов “Сонцето од Кутлеш”.

Тој периодов работи на последните подготовки за неговата прва турнеја во Австралија. Заминува на почетокот од месец март, а на турнејата ќе настапува заедно со неговиот колега Спасен Силјаноски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*