Милица Павловиќ се почести со нов стан од 300.000 евра

Пејачката Милица Павловиќ е позната како „убавата сењорита“, која умее да ги заведува мажите со своето кокетно однесување.

Деновиве, пак, српската пејачка по седум години од започнувањето на својата кариера реши да се почести себе си.

Поранешната учесничка во „Ѕвездите на Гранд“ се поднови со луксузен стан, а како што пишуваат српските медиуми станот има 90 метри квадратни и се наоѓа во строгиот центар на Белград каде квадрат изнесува и до 3 илјади евра, па така за него платила вртоглави 270 илјади евра и тоа без истиот да биде опремен.

Павловиќ освен што дала огромни пари за станот, таа за опремување на истиот доплатила 50 илјади евра, пренесува Папарацо Лов.

Нејзини соседи се пејачот Саша Ковачевиќ и тенисерот Новак Ѓоковиќ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*