Марија Митровска и Кристијан Тасевски најавуваат заедничка соработка

Сигурно ја паметите, неодоливата битолчанка Марија Митровска, која ги освојуваше нашите срца со нејзиниот прекрасен глас и изглед, на М2 талент шоуто и Мојата ѕвезда, каде што имаше голем успех.

По неколку години пауза, таа повторно се враќа на музичката сцена, овојпат со големи чекори. Марија веќе започна со настапи, а нејзините обожаватели можат да ја најдат низ локалите во околината на Битола. Митровска неодамна беше дел од големиот концерт на Камерниот оркестар од Битола, “Засекогаш во срцата”- концерт посветен на најголемите македонски евергрини и незаборавни песни од нашата музичка икона Тоше Проески.

-На мое огромно задоволство периодов можам да се пофалам со бројни ангажмани, а најчесто настапувам тука низ мојата родна Битола и околината. Би сакала да кажам дека имав голема чест да настапам со надалеку познатиот Камерен Оркестар од Битола, на еден нивни прекрасен концерт кој што се одржа во чест на нашата ѕвезда Тоше Проески, каде што имав можност да ги отпеам песните “Тајно моја” и “Галебе Тажен”.-изјави Марија за естрадниот магазин Естрада плус.

Таа за Естрада плус открива дел од нејзините планови за периодот кој следи. Марија најавува соработка и заеднички песни со нејзиниот колега Кристијан Тасевски, кој важи за доста квалитетен вокал.

-Со Кристијан сме пред се добри пријатели, колеги и веќе подолго време контактираме. Периодов одлучивме да направиме заедничка соработка, односно подготвуваме нови видео записи. Не би сакала да откривам се, ќе оставам да биде изненадување за гледачите и јавноста, па се надевам ќе им се допадне. Морам да кажам дека Кристијан е прекрасен вокал и мило ми е што ќе соработуваме заедно.-додава Митровска, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, Марија беше дел и од снимањето на Новогодишното шоу на сателитската ИН Телевизија, каде што настапи со две прекрасни стари македонски песни.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*