Легато Бенд од Мелбурн снимија нов проект во студиото на ИН ТВ

Легато бенд од Мелбурн важат за доста искусни музичари и големи амбасадори на македонската песна ширум Австралија. Тие деновиве во студиото на ИН ТВ во Мелбурн, го снимија нивниот нов заеднички проект.

Деновиве, започнаа снимањата на видео проекти во студиото на сателитската ИН Телевизија, кое што неодамна беше отворено во Мелбурн, Австралија.

Свој музички проект снимија момците од Легато бенд од Мелбурн, кои што важат за едни од најбараните и најпознати македонски музичари во Австралија, а воедно и големи амбасадори на македонската песна.

Како што дознава екипата на естрадниот магазин Естрада плус, станува збор за проект кој што е составен од познати свадбарски и весели песни. Тоа се песни кои се доста барани на нивните настапи, а од Легато бенд се надеваат дека проектот ќе биде одлично прифатен од публиката и нивните фанови.

Проектот се очекува да биде промовиран во најскоро време на сателитската ИН Телевизија, па јавноста ќе има можност да ужива во нешто навистина квалитетно.

Од неодамна, на бендот се приклучи младиот и талентиран трубач Стефан Ночевски кој со трубачкиот оркестар му приреди одлична забава на светски познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Инаку, Легато бенд се добро познати на тамошните македонци по нивните бројни настапи кои што ги имаат во текот на целата година, а најчесто се ангажанирани на семејните прослави.

Во продолжение погледнете го нивниот настап на снимањето на Новогодишното шоу на ИН ТВ во Мелбурн !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*