Емотивна исповед на Гоца Тржан за потомството

Гоца Тржан отворено говори за нејзините обиди со сопругот да добијат заедничко дете, а исто така вели дека не е разочарана од досегашните неуспешни обиди за вештачко оплодување.

Гоца се би направила за потомоство, а веќе некое време со сопругот Радомир Новаковиќ се обидува да зачне бебе преку вештачко оплодување.

Иако досегашните обиди се неуспешни, Тржан вели дека со сопругот се обидиле за вештачко оплодување за последен пат.

„Единствена причина поради која зборувам за ова е тоа што голем број на луѓе во оваа држава се борат со потомството. Не ми се допаѓа што моите обиди да останам бремена се претворени во секојдневна тема во медиумите, тоа е моја интима и затоа на прашањата „кога ќе затрудниш“ одговарам дека тоа е моја работа. Кога и да одам на клиника, среќавам парови кои се во страшан грч. Тоа е многу скапо, ризично е за организмот, може многу работи да се искомплициираат, а никој не ги подржава тие луѓе. Се однесуваат кон нив како да се болни,а мене тоа ми пречи, затоа мора да имаат поддршка бидејќи им е најважно во животот и не само да се борат со потомоството, тие се борат едни со други. На луѓето кои немаат деца им е многу тешко да седнат дома и да разговаараат за нивниот проблем. Поради тоа многу парови се разделуваат“ вели пејачката.

На прашањето тоа што не може да има деца со Раша може да го загрози нивниот однос, Тржан вели:

„Воопшто не не поремети борбата за потомство, ние не сме пар кој зависи од тоа. Мојот сопруг кога се запознавме ми кажа дека не му е важно дали ќе имаме дете или не бидејќи ме сака и не му бреба друго дете покрај Лена“ додава Гоца.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*