Група Респекти 2019-та ја заокружија со 195 настапи

195 настапи остварија момците од група Респекти во текот на изминатата година. Годинава очекуваат оваа бројка да порасне и 2020-та да стане уште поуспешна за нив.

Изминатата година помина доста успешно за поголемиот дел од македонските музичари. 2019-та помина работно и со голем  број настапи, дури 195 за момците од група Респекти од Скопје. Тие важат за едни од најбараните, посебно во Скопскиот регион, а доказ за тоа се и бројните фотографии и видеа кои што редовно ги објавуваат на нивната официјална фејсбук страна. Во интервју за ИН ТВ, фронтменот на групата, Даниел Сидовски раскажува што точно значи бројката 195 настапи за нив.

-Значи 195 се навистина многу. Вака можеби на некого му звучи малку, но кога ќе пресметаш од 365 дена, тоа не е ни на ден и пол. Е сега  имало некој период можеби од понеделник до среда не се пеело и до четврток, но во некое месеци како мај, август, октомври, ноември, декември зафатени сме од први до први нема застанување и затоа дошла таа бројка 195. Дај Боже нека има и повеќе.-истакна Сидовски, при гостувањето во ИН ТВ.

Даниел во името на група Респекти истакна дека се презадоволни од 2019-та година, а се надеваат дека оваа година ќе биде уште поуспешна.

-Јас сум презадоволен од изминатата година, задоволни се и момците од Респекти. Вложивме колку можеме, еве сега Свирете за зетот нека биде од 2019-та еден добар крај.-додава тој.

Инаку, најново од нив е песната со свадбарска тематика која што е насловена “Свирете за зетот”. Песната ја претставија деновиве во студиото на ИН Продукција, а како што откриваат за естрадниот магазин Естрада плус, за две недели ќе започне снимање на официјалното видео.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*