СКАНДАЛ ПРЕД ЕВРОСОНГ: СРПСКА ПЕЈАЧКА ИСКОПИРАЛА ПЕСНА ОД ЦРТАН ФИЛМ

Српската пејачка Ана Миленковиќ ќе учествува на овогодишната Беовизија со песната „Тајна“ со која што ќе се бори за настап на Евровизија.

Но, околу тоа изби скандал откако обожавателите на Евросонгот започнаа да коментираат дека песната содржи мелодија од цртаниот филм Икс-Мен, пишува српски Курир. Фановите поради тоа, жестоко ја напаѓаат пејачката упатувајќи негативни коментари на социјалните мрежи.

Ана, инаку беше во составот на Beauty Queens, кој настапуваше со пејачката Марија Шерифовиќ на Евровизија 2007 година, кога пејачката и победи.

Пред неколку дена, Беовизија, ја потресе уште еден скандал. Автономен женски центар реагираше поради песната „Svadba velika“ која ја изведуваат пејачот Бора Дугиќ и диџеј Балкубано. Во своето соопштение наведуваат дека песната повикува на насилство над жените. Радиотелевизија Србија веднаш реагирала. Текстот на песната ќе биде изменет, но песната ќе остане во натпреварувањето.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*