Почина македонската фолк легенда Ѓорѓи Желчески

Утрово во Белград, на 82 годишна возраст почина легенадрниот пејач Ѓорѓи Желчески, дел од дуото Селимова-Желчески, вистински икони на македонската и балканската сцена.

Тој  зад себе остави бројни хитови, а честопати е нарекуван „амбасадор на македонските песни“.

Ѓорѓи Желчески е роден во Прилеп во 1938 година. Желчески беше оженет со пејачката Кевсер Селимова со која живееше во Белград, а летните месеци ги минуваа во нивнот апартман на полуостровот Истра, во Хрватска.

Селимова и Желчески имаат едно дете – ќерката Ана, родена во 1980 година, во Белград, од која го имаат внукот Ерол, роден во 2012 година.

Дуетот Селимова-Желчески е најпознат по нивната изведба на народните песни: „Елено, ќерко”, „Бело лице љубам јас”, „Врати ми се, љуби ме”, „Брала мома капини” итн.

На 15 ноември 2013 година, Селимова и Желчески одржаа концерт во Домот на АРМ, во Скопје, со кој го одбележале јубилејот-пет децении творештво.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*