ИН ТВ организираше спектакуларна македонска вечер во Волонгонг

Спектакуларна македонска вечер се одржа во Волонгонг, а поводот беше манифестацијата “Избор на најуспешни Македонци во Нов Јужен Велс” која што ја организираше сателитската ИН Телевизија.

Признание за допринес и ширење на македонската култура и традиција добија…

Црквата “Св. Димитрија Солунски”, МКУД “Македонија” од Волонгонг, Радио “Изгрев”, Гоце Ангелески, Петко Чавкоски, Бале Кајмакоски, Никола Ристески, Гоце Петкоски, водителката Татјана Нешковска, Симе Бричот, Радио “Тавче-Гравче”, МКУД “Македонски Бисери”, Компанијата “Патување со Брага”- шпедиција и меѓународен трансфер на пари, Трајче Гулевски и Саш Петровски.

На забавата настапија Иван Радевски, Симе Бричот и многу други македонски изведувачи, придружувани од Сенатор бенд, а специјален гостин на огромно задоволство на сите нашинци кои присуствуваа на македонската вечер беше младиот Ташко Каранфиловски кој што воедно ја остварува првата Австралиска турнеја.

Инаку, за потсетување, претходно караванот на единствената македонска телевизија во Австралија, ИН ТВ беше кај нашите македонци во Мелбурн и Перт.

Македонската Телевизија за следниот период најавува уште бројни манифестации и настани со цел зближување на македонците во Австралија.

Би сакале да ве информираме дека во најскоро време ќе започнат и снимањата на новите емисии во студиото кое што неодамна беше отворено во Мелбурн.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*