Оркестар Фаворити од Битола подготвуваат албум со патриотски песни

Оркестар Фаворити од Битола во интервју за ИН ТВ најавија албум со исклучиво патриотски песни. Оттаму велат дека песната “Македонија на Македонците” е само почеток на она што ќе се случи во следниот период.

“Македонија на Македонците” е само почеток на она што допрва ќе следува од Оркестар Фаворити од Битола. Како што откриваат во интервјуто за ИН ТВ, планирано е да се комплетира еден албум со песни кои што ќе бидат посветени на Македонија.

-Оваа песна Македонија на Македонците е само како почеток. Планираме еден албум да направиме или ќе бидат како склоп од неколку песни заокружени на истиот албум само за Македонија песни. Веќе се подготвуваат песните, но одлучивме оваа да биде како ударна песна па се надевам дека ќе ви се допадне.-истакна Јове, вокалот на Оркестар Фаворити.

Оркестар Фаворити важат за музичари кои секој момент го користат да снимат нешто ново, без разлика дали станува збор за авторски песни или проекти со преработка на познати хитови.

-Ние секогаш нешто си работиме, со полна пареа. Ако стивнат авторските песни, одма почнуваат преработките, во живо некој проект. Еве веќе работиме на проектот, работиме на авторски песни имаме една песна од мојот татко напишана за скоро ќе биди готова и таа исто како што кажав за Македонија.-додава тој за гледачите на ИН ТВ.

Тие со песната “Македонија на Македонците” настапија на Гоце Фест кој што се одржа неодамна во Домот на АРМ во Скопје, а нивниот настап и песната беа одлично прифатени од публиката. За песната добија и низа позитивни коментари на социјалните мрежи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*