Даниел Сидовски го најавува првиот солистички албум

Фронтменот на една од најбараните групи од Скопје, група РЕСПЕКТИ и еден од најпознатите за 2019та и најбаран со настапи по Ноќните клубови и Ресторани (195 настапи), Македонскиот Поп и Фолк пејач Даниел Сидовски, дефинитивно го започна првиот солистички албум кој ќе содржи најмалку 8 песни, а можеби и повеќе.

Тој за ИНТВ и естрадниот магазин Естрада плус ни открива дека сите песни ќе бидат во модерен поп и поп фолк стил кој тој го пласира и милува најповеќе во моментов. Ќе бидат достапни за сечие уво, да можат да ги прифатат буквално од најмлади до највозрасни лица.
Првиот албум или првото ЦД на Даниел Сидовски се очекува да излезе кон крајот на месец март или средината на април, бидејќи тогаш пејачот има најмалку ангажмани поради Велигденскиот пост, па ќе може да се фокусира во студио со снимање, а самото тоа си бара и одморено грло.

Засега не е познато која продукција ќе стои зад ЦД-то, но тој вели дека секоја продукција која што сака да соработува со него може да му понуди свои предлози, со цел Даниел да може да разгледа што е најдобро за него и како би успеал повеќе овој негов ПРВ ГОЛЕМ ПРОЕКТ!
За некои од песните ќе следува и видео спотови за кој тој уште сега најавува дека ќе ги изработи ИН продукцијата, односно веќе добро познатата продукција на сателитската ИН Телевизија.
Последната негова соло песна “Те Сакам” доби бројни пофални критики од јавноста, што е доволен показател за досегашниот тек на неговата музичка кариера.

Промоција на ЦД-то се планира, а местото сеуште не е познато каде, но како што вели тој ќе бидат поканети доста голем број негови фанови, соработници, роднини, пријатели, колеги, колешки, и секако сите оние кои сакаат да ги запознаат неговите дела кои внимателно ги одбира.
Како еден мал поклон за сите фанови како за крај тој ни открива дека првата песна е брза, динамична, шизичка песна со наслов “Опасна” која излегува за 10-тина денови.

Даниел Сидовски топло ви препорачува да уживате во делата кои ги твори, бидејќи од срце работи и вложува низ годините само за вас драга публико!

Неговиот контакт за настапи преку менаџерскиот тим е +38978 908 396 !

Во продолжение уживајте во спотот за песната “Те сакам” !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*