Соседите откриваат детали од животот на Александра Радовиќ

Пејачката Александра Радовиќ важи за еден од најдобрите вокали во регионот. Таа пред ТВ екраните секогаш е средена и изгледа прикладно, но нејзините соседи открија каква е приватно и како се однесува кога ќе се исклучат камерите.

„Таа е она ретките кој знае да каже „добар ден“ или „догледање“ . Овде живеат многу познати личности, а таа спаѓа во онаа група на луѓе кои имаат основно воспитување“ вели Марина која е продавачка во близина на зградата на Александра.

Сосетката Гордана која живее во зградата до Александра вели дека често ја гледа во тренерки и без шминка.

„Таа е скромна и повлечена, и кога разговарав со неа ми изгледаше како да сака никој да не ја гледа како јавна личност туку како нормална личност. За разлика од актерките кои се кријат, Александра е многу љубезна со колегите. Меѓутоа, луѓето кои не ја познаваат и да ја сретнат, нема да знаат дека тоа е Александра Радовиќ. Најчесто оди со крената глава и си ја гледа својата работа“ вели Гордана.

На пазарот имаат само пофлани зборив за Радовиќ.

„Александра често купува риба. Мојата колешка и пејачката често разменуваат рецепти бидејќи се одлични домаќинки“ вели продавачката.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*