Мирослав Мирчески талентот за пеење го наследил од својата мајка

Победникот на Гоце Фест, младиот Мирослав Мирчески за гледачите на ИН ТВ ја открива неговата музичка приказна. Тој зад себе веќе има шест авторски песни, а во најскоро време ќе објави уште две.

Мирослав Мирчески е младо музичко име за кое што допрва уште многу ќе се слуша. Иако е релативно млад, тој е доста искусен музичар, а зад себе веќе има неколку авторски песни. Во интервју за ИН ТВ тој открива дека во периодот кој следи ќе објави уште две нови песни.

-Можам да кажам дека професионално се занимавам веќе 5-та година, а имам шест авторски песни. Македонски гордооди е најновата песна и оваа 2020-та година подготвувам уште две нови песни, тоа со сигурност.-истакна Мирчески, за естрадниот магазин Естрада плус.

Мирослав за гледачите на ИН ТВ раскажа како запловил во музичките води и кој од семејството успеал да го открие неговиот талент за пеење. Екипата на естрадниот магазин Естрада плус дознава дека талентот за пеење е наследен од неговата мајка Марјана која има одлични вокални способности и често знае да запее заедно со нејзиниот син.

-Мирослав во овие води започна кога мајка ми уште многу одамна го откри мојот талент за пеење, но не ме сфаќаа никогаш сериозно на тоа поле. Најпрво ми купија гитара, потоа хармоника, меѓутоа не бев многу успешен на тоа поле и најмногу се пронајдов во пеењето. Се надевам дека тоа ќе продолжам да го правам на квалитетен начин.-додава тој.

Инаку, Мирослав неодамна учествуваше на “Гоце Фест” со неговата најнова песна “Македонски Гордооди” и ја освои првата награда од публиката- “Војо Стојаноски”. Мирослав настапи за првпат на овој фестивал и ја однесе победата, што е доволен показател за она што ќе следува од младиот пејач во иднина.

Во продолжение погледнете го победничкиот настап на Мирослав на “Гоце Фест” !!!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*