Наум Џуклески на обука кај познат тон мајстор од Бугарија

Наум Џуклески беше на доусовршување кај познат тон мајстор во Бугарија. Тој вели дека новите практики кои што ги научил таму, ќе ги применува во неговото музичко студио.

Кај јавноста е добро познато дека музичарот Наум Џуклески има свое музичко студио, а соработува со голем број музичари од естрадата. Во неодамнешно интервју за ИН ТВ тој открива дека пред извесен период бил на доусовршување кај познат тон мајстор во Бугарија.

-Бев на доусовршување во едно од најдобрите музички студиа на Балканот, кај еден од најдобрите тон мајстори Ангел Ефтимов, значи во Бугарија, работи за Планета сите сме слушнале за нивната продукција и бев да се доусовршам кај него. Задоволен сум од тоа што го научив таму и ќе почнам да го применувам јас. Ќе ми биде чест и задоволство во иднина што ќе можам да работам со добри музичари.-истакна Џуклески, за естрадниот магазин Естрада плус.

За годинава, Наум планира да реализира голем проект кој ќе биде во соработка со неговиот колега Кирил Белистојаноски и уште неколку звучни имиња од македонската естрада.

-Во 2020-та година започнуваме со уште еден голем проект. Се работи за цел албум со обработка на стари македонски песни. Во проектот ќе бидат вклучени голем број наши популарни и добри музичари.-додава Наум.

-Еве веќе откривме дека за планираме нов проект со староградски песни преработени и очекуваме нов албум со преработка на стари македонски песни. Така да, ќе видиме допрва како ќе се одвива тоа. Сите песни ќе бидат снимени во студиото на Наум, јас искрено сум задоволен од соработката со него и од овие две песни кои што ги снимивме во неговото студио, така да соработката продолжува и понатаму.-вели Кирил Белистојаноски при гостувањето во ИН ТВ.

Тие се надеваат дека албумот ќе биде комплетиран во најскоро време, но и дека песните ќе бидат одлично прифатени од јавноста.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*