Емотивниот дует на Лени и Раде освои втора награда од жири на “Гоце Фест”

Лени Партикова и Раде Младеновски се претставија со доста емотивна песна на “Гоце Фест”. Со “Ајде Македонијо”, расплакаа дел од публиката на фестивалот, а освоија втора награда од стручното жири.

Со одлична дует песна на “Гоце Фест” се претставија Лени Партикова и Раде Младеновски. Нивната песна која што е насловена “Ајде Македонијо” ја доби втората награда од стручното жири на фестивалот. Како што велат тие во интервју за ИН ТВ, песната е посветена на сите македонци кои што живеат далеку од родната земја Македонија.

Автор на текстот е Пеце Здравковски, а музиката ја направи Благоја Здравковски.

-За првпат еве направивме еден дует со Лени, се чувствуваме супер, одлична е атмосферата и дружбата е супер на овој фестивал. Едно убаво искуство.-истакна Раде, во интервју за ИН ТВ.

-Многу убаво поминавме, јас овој фестивал многу го сакам. Овие песни кои се за нашата татковина Македонија треба да останат. Нека има уште многу вакви фестивали уште многу вакви убави родољубиви песни патриотски.-раскажува Лени.

И двајцата се презадоволни од тоа како беа прифатени од публиката, а со оглед на тоа што станува збор за доста емотивна песна, тие раскажуваат дека меѓу присутните имало и по некоја солза.

-Мене дури незгодно ми падна кога ги видов луѓето во првите редови како пуштаат ии по некоја солза на песнава. Сигурно тие луѓе емотивно се поврзаа со нашата песна.-изјави Младеновски.

-Сестра имам во Австралија и нејзе исто многу ја погоди оваа песна, баш кога ми се јави со солзи ја доживеа, така лично затоа што и ние ги испративме нив, таа живее во Сиднеј со внукот и зетот, таму се сите и тешки се овие песни кога не ти се тука најмилите.-додава Партикова за естрадниот магазин Естрада плус.

Тие се надеваат дека оваа песна ќе стане хит и дека во следниот период ќе биде одлично прифатена и доста барана од пошироката јавност, како и од нашинците кои живеат надвор од нашите граници.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*