Били Ајлиш не ги чита коментарите на социјалните мрежи

Музичката сензација, 18-годишната Били Ајлиш, во интервју за медиумите откри дека повеќе не чита коментари на социјалните мрежи, посебно оние кои се актуелни на нејзиниот профил на Инстаграм.

Во интервју за Би-би-си, Били Ајлиш доби прашање за тоа дали ги чита сите коментари на Инстаграм кои се однесуваат за неа, а пејачката одговори дека не чита ништо на социјалните мрежи. 

– Тоа ми го уништуваше животот, одново и одново – вели славната Били.

Нејзиниот брат Финеас, кој исто така соработува со Били, вели дека и познатите се само обични корисници на социјалните мрежи и ги погодува тоа што таму постојано се пишува за нив.

Во истото интервју, Били и Финеас открија дека песната за новиот Бонд ја напишале и продуцирале за само три дена.  

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*