Познатата пејачка е мртва со години! Тогаш кого го гледаме?

Теориите на заговор за смртта на популарната пејачка повторно се актуелизираат. Тврдењето на теоретичарите на заговор дека канадската пејачка Аврил Лавин починала многу брзо после издавањето на својот прв албум во 2002-ра година – повторно стана актуелни на социјалните мрежи.

Имено, според нивната веќе позната верзија, Аврил после смртта ја заменила нејзината двојничка, актерката Мелиса Вандел, а обожавателите на пејачката веруваат дека деталите за својата смрт ги оставила во некои од своите песни.

Теоријата вели дека Аврил после “брзиот“ успех паднала во депресија, а во тоа време починал и дедо ѝ, па целата ситуација тешко ја поднела. Наводно била пронајдена мртва во својот стан, а сите детали биле сокриени.

Теоретичарите како доказ за своите тврдења ја истакнуваат промената во нејзиниот имиџ, откако го издала вториот албум во 2004-та година и од тинејџерска бунтовничка станала поп пејачка. Ѝ замериле за тоа што се откажала од рок елементите во својата музика и почнала да се облекува женствено.

Откако теоријата се проширила, како нови докази биле истакнати нејзините лузни, тетоважи и дамки на кожата кои исто така се промениле, како и обликот на носот и вилицата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*