За почетоците во музичките води раскажува младиот Ердал Ајдароски

Ердал Ајдароски е трета година на Државното музичко училиште во Битола. Тој е голем музички талент, свири на клавијатура, а деновиве го претстави првото авторско дело насловено “Голден Чочек”.

Младиот музички талент, Ердал Ајдароски кој свири на клавијатури, потекнува од Прилепскиот крај, а во моментов живее во Битола бидејќи учи во Државното музичко училиште. Во интервју за ИН ТВ тој накратко ни раскажа за неговите почетоци во музичките води.

-Моите почетоци беа на 7-годишна возраст. Клавијатура добив поклон од мојот татко, тоа беше мала клавијатура која што беше мошне интересна за мене бидејќи како мал ја гледав. Со неа и почнав, учев во Основно училиште во Прилеп, а кариерата почнав да ја градам од Основното музичко училиште. Сега продолжив во Средното музичко училиште во Битола и се надевам дека ќе продолжам во таа насока на Музичката Академија во Скопје.-изјави младиот пејач за гледачите на ИН ТВ.

Ердал во студиото на ИН продукција го претстави неговото прво авторско дело кое што е насловено “Голден Чочек”. Музиката е негово дело, а снимено е во студиото Просаунд кај Славко Ристески. “Голден Чочек” си доби и спот кој може да го погледнете на јутјуб каналот.

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*