Анастасија Ражнатовиќ ужива на Тајланд со момчето

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ е во повеќе годишна врска со момчето Ѓорѓе Куљиќ.

Меѓутоа, пејачката е резервирана за јавноста кога станува збор за нејзиниот приватен живот, па така речиси никогаш не го покажува момчето во јавност.  Деновиве, Анастасија и Ѓорѓе заедно отпатуваа на заеднички одмор на Тајланд каде уживаат и ги полнат батериите.

Имено, таа на социјалните мрежи не објавува заеднички фотографии со партнерот и не го експонира јавно.

Сепак, на „Инстаграм“ се појави заедничка фотографија од Анастасија и Ѓорѓе. Имено, ќерката на фолк дивата е фотографирана како ужива во базен заедно со момчето и неговиот пријател и кума.

Насмевката на Анастасија покажува дека ужива во оваа прекрасна дестинација.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*