ПОСТОИ СИЛНА ПРИЧИНА ПОРАДИ КОЈА СЕВЕРИНА ГО ИЗБРИША ПРЕЗИМЕТО КОЈИЌ

Додека балканската јавност се прашува дали Северина и Игор Којиќ се разведуваат, експертите за маркетинг тврдат дека се работи само за уште еден трик, позади кој има и силна причина зошто е тоа направено.

Според еден директор на маркетинг-агенција, воопшто не е ретко кога познати жени воопшто не го користат презимето, ниту своето ниту на сопругот, ако веќе имаат изградено бренд сами по себе.

Во овој случај, за Северина, повеќе од јасно е дека се работи за неа и дека не ѝ е потребно ниту моминското презиме Вучковиќ, ниту венчаното Којиќ, за таа да биде препознатлива за јавноста.

Сите знаат на кого се мисли кога ќе се каже Северина, па затоа таа и нема потреба да се идентификува со што и да е друго. Во конкретниот случај, веќе познатото име Северина, се поврзуваше со подеднакво популарното презиме Којиќ, па се верува дека пејачката сфатила дека тоа е едноставно, премногу, бидејќи со истото презиме се идентификува и нејзиниот свекор, но и золвата Наташа која имаше обид да направи музичка кариера.

Името Северина е дел од нејзиниот имиџ кој го гради уште од тинејџерсктие години, кога првпат се појави на хрватската естрада.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*